Благодарение на извонредниот изглед, убавата Синди Крафорд има шанса повторно да се појави на насловната страница на магазинот „Плејбој“.
Иако во минатото двапати се појавуваше на насловната страница на омиленото списание за мажи, Синди нема намера да го прави тоа повеќе.
Како што пишуваат американските медиуми, сега, кога таа е мајка, тоа за неа веќе не е опција.
– Денеска не би го направила тоа бидејќи имам 14-годишен син и не сакам да му биде срам поради тоа. Јас сѐ уште би се сликала гола, но, сепак, не би сакала мојот син да се срами поради неговата мајка – рече Синди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


