| четврток, 6 декември 2018 |

Канческа-Милевска во новиот театар ќе додели решенија за национални пензии

Otvaranje na Star nov dramski teatar (22)

Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, денеска, 6 декември, во 12 часот во новиот објект на Македонскиот народен театар (МНТ) свечено ќе додели нови решенија за национални пензии за придонес во културата.

Во согласност со измените на Законот за култура од 1.1.2012 година, уметниците и другите стручни работници од областа на заштитата на културното наследство, кои се добитници на наградите „11 Октомври“, „Св. Климент Охридски“ и „23 Октомври“ за долгогодишни  остварувања во културата или за животно дело, имаат право на месечен надомест од Министерството за култура во висина на разликата меѓу пензијата што ја остваруваат и највисоката пензија во Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top