| четврток, 6 декември 2018 |

Вака изгледа денес човекот што ја имаше првата трансплантација на лице

presadeno lice

Далас Винс е првиот човек на кого во 2011 година му беше направена целосна трансплантација на лицето. Начинот на кој беше извршена операцијата беше претставен на конференција на радиолозите од Северна Америка во Чикаго. По успешната операција, Винс денес вели дека целосно му е променет животот.

– Естетски, секако, изгледа неверојатно, но квалитетот на мојот живот физички и функционално е толку подобрен, тоа не можам да го опишам со зборови – изјавил тој.

presadeno lice2

 

Винс преживеал сериозни изгореници откако кабел со „жива“ струја му го спржило лицето. На него можело да се разликува само устата.

dvojka izgorenici

По целосната трансплантација на лице, тој дури и ја пронашол љубовта на својот живот со која се оженил. Таа била жртва на сообраќајна несреќа, во која добила изгореници од огнот од запалениот автомобил поради што има ограничено движење на раката.

Двојката се венчала во истата црква крај која Винс ја доживеал несреќата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top