Возачот на товарно возило Јоле А. од село Деово, денеска почина на лице место по сообраќајната несреќа која се случи попладнево во 18:30 часот на патот Прилеп- Градско кај превојот Плетвар.
До судир дошло помеѓу автомобил марка „голф“ со скопски регистарски таблички и товарно возило „сканија“ со прилепски регистарски таблички, пренесува Прес24.
Сообраќајот сѐ уште е во прекин, а полицијата врши увид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.