| четврток, 6 декември 2018 |

Трчал маратон од 6 километри, лажел за уште 36

Пекар од Сингапур направил голема измама и ги победил домашните атлетичари на маратон во должина од 42 километри и 195 метри иако истрчал само 6 километри. Сензацијата да биде уште поголема, тој ги наттрчал професионалните атлетичари од Сингапур, и тоа убедливо, но потоа сам си признал дека мамел. Трчал само 6 километри, а за останати 36 лажел. Маратонот бил изборен за настап на Јужноазиските игри во Мјанмар. Шампион на маратонот беше Кениецот Лука Кипкембои со време од 2 часа и 14 минути. Там доцнел 40 минути, време што за аматер-маратонец е одлично, но за негова несреќа измамата е откриена.

Там Чуа Пух има 43 години и е пекар и сопственик на продавница за печива во Сингапур, а трикот на трките го правел со помош на симулирање повреда. По 6 километри се пожалил на повреда, а потоа фаќал покус пат до целта и бил прогласен за победник. Но, при проверката на видеоматеријалот на контролните точки на маратонот било забележано дека на грото од нив Пух воопштто не минал, односно го немало. Веднаш сам си признал дека направил измама и бил дисквалификуван.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top