| четврток, 6 декември 2018 |

Димитровски и Дончев негираат дека пренесувале муниција, била на нивни пријател од Бугарија

doncev dimitrovski

Емил Дончев и Ратко Димитровски

Градоначалниците на Кочани и на Виница, Ратко Димитровски и Емил Дончев, тврдат дека муницијата што бугарската полиција ја пронајде синоќа во нивното возило при контрола на граничкиот премин кај Делчево е на нивни пријател и оти по сослушувањето за потеклото на муницијата биле пуштени дома.

Бугарски и македонски медиуми објавија дека синоќа бугарската полиција привела двајца македонски државјани градоначалници на Кочани и на Виница поради наводно недозволено пренесување 20 парчиња ловечка муниција и 100 куршуми за малокалибарско оружје.

– Вештачки е создадена фама за недозволено пренесување муниција бидејќи инцидентот не соодветствува со реалната ситуација. Имено, при рутинска контрола на возилото со кое патуваваме кон Македонија бугарската полиција ја забележи муницијата која се наоѓаше во касетата на истото возило. Истата е сопственост на бугарски државјанин, наш пријател со кој поминавме неколку часа. Мора тој да ги заборавил во касетата бидејки куршумите не беа скриени – велат Димитровски и Дончев.

Бугарската полиција го испита случајот и не распраша како сведоци во делото против нивниот државјанин за потеклото на муницијата. Потоа нѐ пуштија да си заминеме во нашата држава, велат Димитровски и Дончев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top