Најдобриот фудбалер на светот Пеле тврди дека одбил да биде учесник на ждрепката за Светското првенство, што ќе се одржи на 6 декември во Мата ди Сан Жуан, на кој ќе се одредат групите за претстојното Светско првенство, кое наредното лето ќе се одржи во Бразил.
– Претседателот на државата Дилма Русеф ми предложи да ја претставувам нашата земја на ждрепката. Претходно многу пати сум го правел тоа, но сега морав да одбијам поради тоа што се плашев да не ја ставам нашата земја во тешка група, а поради тоа не би се чувствувал добро – вели Пеле.
Сепак, ждрепката нема да помине без легендарниот фудбалер, тој на ова ќе биде само гостин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.