фото: Канал 5
Археолозите од штипскиот музеј деновиве ја открија единствената камена гробница од раноантичкиот период на балканските простори, јавува екипа на „Канал 5“.
Со висина 2,5 метри и дијаметар во основата од шест метри, камената гробница импонира со невообичаено големите димензии. Лоцирана е меѓу Карбинци и селото Радање на десетина километри од Штип, во правец кон планината Плачковица.
– Со сигурност можеме да потврдиме дека за првпат наоѓаме гробница од ваков вид на изработка, поточно од речен камен, со потекло од рано античкиот период. Според првичните наоди, може да кажеме дека ова e могила што датира од првиот до третиот век од нашата ера – објасни Мите Костов – археолог.
Засега се обработува надворешната страна на гробницата, а се претпоставува дека припаѓа на великодостојник од рано античкото време на Македонија. Инаку, овој проект е дел од истражувачките потфати на штипскиот Музеј, со цел откривање на што поголем дел од древните, но исклучително вредни аргументи за животот на раноантичките Македонци.
– Не застануваме на овој проект. Во тек е подготовка на потребната документација за да конкурираме до надлежното министерство со друг идентичен проект за кој веруваме дека ќе ги добиеме неопходните финансиски средства за негова реализација – дополни Зоран Читкушев, директорот на Народен Музеј – Штип.
Локалитетот Беш Тепе Анче, каде што е откриена единствената балканска камена римска гробница, е позната археолошка ризница, велат истражувачите на македонското историско минато. Според археолозите, тука своевремено имало пет тепиња, односно ритчиња, од кои, за среќа, три останале недопрени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст