| четврток, 6 декември 2018 |

Британците ќе се пензионираат на 70 години

Executive assistant Rebellato, 68, works on a spreadsheet as he works at his desk at Pimlico Plumbers in LondonМинистерот за финансии на Велика Британија, Џорџ Озборн, најави дека планираното поместување на старосната граница за одење во пензија ќе биде забрзано и ќе се оствари веќе во 2030 година, наместо во 2046 година. Според неговите зборови, денешните 40-годишници ќе стекнуваат право на пензија на 68 години, додека  оние што сега имаат по 20 години ќе станат пензионери на 70- годишна возраст.

Ова поместување на старосната граница ќе ѝ овозможи на Британија да „сочува“ околу 400 милијарди фунти во наредните две децении, а покрај тоа и уште 100 милијарди, кои веќе се пресметани со поместување на границата за одење во пензија со 66 години, во 2020 година.

Експертите од британската влада прават пресметки на основа на принципот дека „вработените мора третина од својот возрасен живот да го минат во пензија“, а ревизијата на формулата за пензиски систем ќе биде редовно разгледувана на секои пет години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top