
Непознат арамија ја ограбил „Дигит компани“ во Скопје земајќи ја целата количина чипови за рам-меморија, вредни над 16.000 евра.
Кражбата, според МВР, се случила во периодот од 2 до 3 месецов во Скопје на улицата „Орце Николов“ во фирмата „Дигит компани“ ДОО Скопје, сопственост на М.Љ.(53), непознат сторител со употреба на погоден предмет извршил тешка кражба од каде што одзел 498 парчиња рам-меморија марка „кингстон“ и лаптоп-компјутер во вкупна вредност од 950.000 денари. Се преземаат мерки за откривање на сторителот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Грк украл врв од столб од Акропол
-
Милионска кражба во Македонија: Обиен сеф на приватна фирма
-
Фатил жена во кражба: Кога ги видел нејзините деца наместо да ја уапси направил нешто неверојатно(видео)
-
Крадците го опустошија градот повеќе од ураганот: Група луѓе влегуваат по маркети и носат што ќе најдат(видео)


