| четврток, 6 декември 2018 |

Орландо Блум и Лив Тајлер се новата холивудска двојка

Деновиве на големо се пишуваше дека манекенката Миранда Кер, поранешната сопруга на актерот, си нашла нова љубов, и тоа австралиски милионер, но последните гласини велат дека и Орландо Блум врти нова страница во животот.

Како што пишуваат странските медиуми, актерот најде утеха во неговата колешка Лив Тајлер. Блум и Тајлер се запознаа за време на снимањето на „Господарот на прстените“, а во последно време поминуваат многу време заедно. Неодамна тие заедно посетиле една претстава на Бродвеј, а, според очевидци, цело време нежно се гледале и се држеле за раце, пренесува „Дејли мејл“.

Орландо и Миранда се разведоа по шест години брак, а го имаат малото синче Флин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top