| четврток, 6 декември 2018 |

Нормализиран сообраќајот кај Пресека

avtopat1-500x272

Нормализиран е сообраќајот на патниот правец Кичево – Охрид, кој беше во прекин поради превртено товарно возило пред превојот Пресека, но вчера од околу 21 часот беше во застој сообраќајот на патот Скопје – Велес.

Сообраќајот, кој беше во прекин од 19.30 минути, бил блокиран од товарно возило кое се превртило поради неприспособена брзина кај Пресека.
Но, како што соопшти диспечерски информативен центар на ЈП „Македонијапат“, на патниот правец Скопје – Велес кај месноста Црвени Стени (пред манастирите) поради неприспособена брзина има превртено лесно возило на брзата коловозна лента.

И тоа денес е отсрането.

Пред местото на сообраќајната незгода е поставена соодветна сообраќајна сигнализација и има присуство на екипи на ЈП „Македонијапат“ и сообраќајна полиција, кои го регулираат сообраќајот по една коловозна лента. Се очекува сообраќајот да се нормализира.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top