| четврток, 6 декември 2018 |

Виктор ќе дели кондоми, и тоа утрински

Борбата против ХИВ/СИДА, едукацијата за превенција и советите за заштита се добредојдени во кое било време, па и наутро. Денес, 5 декември, во просториите на ТЦ „Сити мол“, од 10.30 часот, Црвениот крст на РМ и Црвениот крст на Град Скопје, со поддршка од високиот комесаријат за бегалци во РМ (УНХЦР) Скопје, ќе спроведат целодневна едукација за свесноста и опасностите од ХИВ/СИДА.

Едукацијата ќе се одржи под мотото „Да стигнеме до нула: нула нови ХИВ-инфекции, нула дискриминација, нула смртни случаи од СИДА“.

Како едукатор на настанот ќе биде присутен и младиот пејач Виктор Апостоловски. На информативниот пулт ќе бидат достапни информативни материјали за ХИВ/СИДА, а како дел од кампањата, македонскиот идол на присутните ќе им дели и кондоми „дурекс“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top