| четврток, 6 декември 2018 |

„Радиоактивниот“ камион го зеле обични крадци

4Мексиканската полиција го нашла камионот со опасен радиоактивен медицински материјал,  па посочи дека бил украден од обични крадци. Сепак, контејнерот бил отворен, но нема потврда дека опасниот товар бил во камионот. Во областа во која е пронајден камионот се распоредени големи единици на војската и на федералната полиција. Властите известија дека незаштитениот контакт со кобалтот 60 може да предизвика смрт за четири минути, предупредуваат медиумите.

Камионот бил украден во понеделникот на 2 декември додека го превезувал кобалтот од болницата до склад со радиоактивен отпад, соопштија претходно мексиканските власти и Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA).2

Кобалт 60 е радиоактивна материја која се користи за радиотерапија. Не може да биде употребена за конвенционална нуклеарна бомба, но може да се искористи за „валкана бомба“, искомбинирана со конвенционален експлозив.MEXICO-NUCLEAR-CRIME

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top