Рејтинг-агенцијата „Мудис“ ги подигна предвидувањата за шпанската економија од „негативна“ на „стабилна“. Оттаму велат дека биле направени вистински подобрувања во економијата и во владините финансии. Минатата недела и агенцијата „Стандард и Пурс“, исто така, ги зголеми нејзините изгледи за Шпанија заради знаци на економско подобрување. Меѓународната рејтинг- агенција „Мудис“ ја зголеми перспективата за економски раст на Шпанија од негативна во стабилна.
Агенцијата оцени дека е постигнат баланс во шпанската економија и подобрување на среднорочните перспективи на земјата. Во долгови потонатата Шпанија се извлекува од двегодишна рецесија, со економски раст и со стабилизирање на компаниите. Но, економистите оценуваат дека заради високата стапка на невработеност од 26 проценти, економскиот раст, сепак, нема да биде висок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


