
Активистки за права на жените во Саудиска Арабија преку социјалните мрежи повикуваат на мобилизација за добивање право да управуваат со автомобили.
– Апелиравме до сите жени на 28 декември да седнат зад волан насекаде во земјата – изјави за агенцијата „Франс прес“ активистката Насима ал Сада.
Таа објаснува дека нема да отстапат од притисокот врз властите додека не го добијат тоа право. Саудиска Арабија е единствената земја на светот каде што жените не смеат да возат автомобил.
Првиот ваков обид за поттикнување на жените да го земат воланот в раце беше на 26 октомври, но заврши неуспешно, а при тоа беа уапсени 16 жени кои беа принудени да платат казни. Нивните старатели, мажите во семејствата, морале да се обврзат дека ќе ги почитуваат законите на кралството.
Принцот Мухамед бин Наиеф, кој е министер за внатрешни работи, минатата недела им ветил дека ќе ги разгледа нивните барања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


