
Американската армија одлучи веќе да не ги информира медиумите и јавноста за тоа дали затворениците во „Гвантанамо“ штрајкуваат со глад, соопшти командантот на морнарицата Џон Фиолстрат, портпарол на специјаната единица на американската војска во „Гвантанамо“.
Штрајкови со глад има во затворот уште од отворањето во 2002 година. Војската досега објавуваше информации колку затвореници одбиваат да јадат и дали се исполнети воените упатства за присилно хранење. Сепак, сега одлучиле дека веќе не им е во интерес да ги објавуваат ваквите податоци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


