Пол Вокер починал поради трауматски и термални повреди, односно повреди од горење или хемиски супстанции како последица на експлозија – велат резултатите од обдукцијата на телото на познатиот актер, кој загина минатата сабота во фаталната сообраќајна несреќа во Валенсија, Калифорнија.
Според „Си-Ен-Ен“ бизнис-партнерот на Вокер, Роџер Родаз, кој го управувал возилото „порше карера ГТ“ во времето на несреќата, починал поради повеќебројни трауматски повреди. Нивното возило се движело со брзина над 144 км. Удрило во уличната светилка, потоа во дрвја и сообраќаен знак со назнака дека максималната дозволена брзина е 70 километри на час.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.