| четврток, 6 декември 2018 |

Викиликс открива: Србин ги организирал протестите во Украина

На Твитер страната на Викиликс, вчера беше поставен коментар: „Дали српската организација Отпор е замешана во ситуацијата во Украина?,„ а како одговор веднаш до тоа, поставени се линкови кои го отвараат сајтот на Викиликс, а кои покажуваат дека таа групација е одговорна за Портокаловата револуција во Украина од 2004 година, пишува српски Курир.

На сајтот на Викиликс пишува дека Поповиќ е човекот кој во 2000 година од власт го исфрли некогашниот претседател на Србија, Слободан Милошевиќ, а покрај тоа, одговорен е и за поттикнување на промени на многу режими во источна Европа. Како што објаснуваат, во Србија, Отпорот бил толку успешен, што го донеле и во Украина во 2004 година.

-Обучувавме како да основаат и да организираат движење, како да создадат „бенд„, како да направат свое лого, симболи и клучни пораки. Ги подучувавме како да ги идентификуваат најважните слабости во општеството и кои проблеми луѓето најмногу ги погодуваат, што може да ги мотивира- рече активистот на српскиот Отпор, во интервју за Радио Слободна Европа, а тврди Викиликс.

Откриено е, исто така, дека Поповиќ блиско соработувал со приватна известувачка компанија „Стратфор„ со седиште во Остин, во американската држава Тексас, и дека на неа и продавал информации за другите активисти кои делувале ширум светот. Тоа го работел без знаење на тие луѓе, кои, како познат активист, му верувале, а ширел информации за работи кои се случувале на Филипините, во Тунис, Виетнам, Иран, Азербејџан, Египет, Тибет, Зимбабве, Полска, Белорусија, Венецуела и Малезија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top