| четврток, 6 декември 2018 |

Блокирана сметката на „Водовод“ во Куманово

Од вчера е блокирана сметката на ЈП „Водовод“ заради долг од 6,7 милиони денари кон Водостопанство Кумановско-Липковско Поле.

Пресудата е донесена во Основен суд Скопје 2, а потврдена од Апелацискиот суд. Директорот Горан Стојковски вели дека со блокирана сметка се доведува во прашање водоснабдувањето на градот пред празниците.

– Со пресметување на камати се очекува вкупниот долг да изнесува околу 9 милиони денари. Во наредниот период ЈП „Водовод“ ќе работи без пари на сметка, ќе се доведе во прашање водоснабдувањето на градот Куманово. Имаме преседан на судска одлука  каде што морам да потврдам дека најверојатно се работи за теснопартиски интерес кој директно е против интересите на граѓаните – изјави Стојковски.

Директорот тврди дека и претпријатието има големи побарување од граѓани и фирми, а само Општата болница Куманово му должи 3 милиони денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top