Отповикување на директорот Александар Панов и уште пет други членa на Одборот на директори се најавува во предлог-одлуката на компанијата „Макстил“ објавена денеска на веб-страницата на Македонска берза.
На листата, покрај долгогодишниот директор Панов, се предлага отповикување и на Јури Василев, Мино Дамјановски, Нове Георгиевски и Сергеј Тарута.
Во предлог-одлуката не се соопштени причините за отповикувањето на петте члена на Одборот на директори на а.д. „Макстил“, туку стои само дека одлуката ќе стапи во сила на денот на донесувањето.
Компанијата, во иста таква информација на Берзата, вчера свика и собрание на акционерите кое треба да се одржи на 25 декември годинава.
-Да точно е дека пет члена на Одборот на директори на „Макстил“ се отповикуваат. Но, тоа е нормална процедура на замена на кадарот кога тој оди во пензија. Овие пет члена на Одборот веќе ги исполнија условите за одење во пензија и затоа мора да бидат променети и на нивно место да се изберат нови. Тоа ќе се направи на Собрание на акционери – вели Александар Панов, директор на компанијата, за „Плусинфо“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст