Можеби Жељко Јоксимовиќ изгледа строго како дел од жирито на „Икс-фактор“, но овојпат првпат јавно поддржа некој од кандидатите, и тоа македонскиот натпреварувач Даниел Кајмакоски.
„Сигурен сум дека Македонија веќе има претставник за „Евровизија“ во 2015 година #кајмакоски“, напиша синоќа Јоксимовиќ на својот профил на „Твитер“.
Српскиот композитор и пејач важи за најстрог член на жирито. Од овој вторник почнува нова фаза на аудициите во Белград. По таканаречениот „Регрутен камп“ ќе останат вкупно 24 натпреварувачи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.