| четврток, 6 декември 2018 |

Што е подобро, да бидеш паметен или богат?

foto-school-children

Паметните деца во животот заработуваат повеќе од оние кои се раѓаат богати, покажува истражувањето на американскиот „Брукингс“.

Истражувањето се занимавлао се споредување на односите меѓу интелигенцијата, мотивацијата и економската мобилност внатре во групата на деца кои ги прателе во развојот уште од 1979 година.

Ако се интелигентни и мотивирани, децата од сиромашните семејства имаат подобри шанси да станал дел од горната средна класа или да станат богати. Околу 40 отсто од младите од сиромашните семејства кои по резултатите биле меѓу третината најдобри на едно воено тестирање, успеале да влезат во категоријата богати.

За тоа време, помалку паметните деца од имотните фамилии паднале на економската табела. Умот, сепак, не е единствен фактор на економскиот успех.

Што се однесува до економската мобилност, подобро е да бидеш паметен, мотивиран и богат, отколку паметен, мотивиран и сиромашен, заклучуваат авторите на истражувањето.

Долгогодишната најголема нееднаквост и разлика во американскиот оброзавоен систем е токму разликата меѓу учениците кои потекнуваат од богати и сиромашни семејства. Децата на богатите, благодарение на тоа што нивните родители имаат пари, од мали добиваат подобро обраозование, одат во приватни градинки и училишта. Тие во старт се во предност во однос на сиромашните и помалку талентираните кои ги немаат овие услови.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top