| четврток, 6 декември 2018 |

Ограбени 7000 евра од скопски стан

g_kradec

Непознат разбојник во текот на вчерашниот ден украл евра, канадски долари и златен накит од стан во Скопје, сето тоа во вредност од околу 7.000 евра, соопшти МВР.

Крадецот со погоден предмет ја скршил бравата од влезната врата на станот лоциран на улица „Гоце Стојчевски” во скопската населба Скопје-Север.

По пребарувањето на собите тој украл 500 евра, канадски долари и разновиден златен накит.

Полицијата го бара разбојникот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top