Антивладините демонстранти во Тајланд денеска продолжија со протестите пред седиштето на националната полиција, каде водачот на протестите, Сутеп Таугсубан, најави дека „борбата ќе продолжи“ и покрај напорите на Владата за ублажување на политичката криза и враќањето на премиерката, Јинглук Шинаватра, на работа по пет дена отсуство.
Демонстрантите најавија дека утре „ќе се вратат во своите бази“ и ќе „прогласат пауза“ на протестите во знак на почит кон 86-от роденден на кралот, Бумибол Адулјадеж.
– Од 6 декември повторно ќе ја продолжиме нашата борба. Уште од мугрите ќе почнеме со кршење и ќе се бориме секој ден се додека не извојуваме победа – рече синоќа Таугсубан во обраќањето пред своите приврзаници.
Војската и натаму продолжува со својата воздржаност во текот на најновите превирања во земјата. Командантот на тајландската Воена морнарица изјави дека вооружените сили на Тајланд исклучуваат можност за интервенција, бидејќи „состојбата во земјата се враќа во нормала“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Рама гаѓан со чевел: Го нападнале демонстранти, полицијата спречила поголем инцидент (Видео)
-
ФИФА: Децата од Тајланд ќе одат на финалето на светското првенство во Русија
-
Запрена акцијата за спасување на децата во пештерата во Тајланд
-
Гледајте во живо: Започна акцијата за спасување на децата од пештерата: Првото дете излегува околу 14 часот, еве како учениците ќе дојдат на слобода