| четврток, 6 декември 2018 |

Исламистите во џихад и против моќ­на­та Ки­на

jihad in china

Терористички напад на џихадисти во Кина

Оние што са­ка­ат да ја раз­бе­рат ки­не­ска­та стра­на во си­ри­ска­та кри­за, по­крај ни­за­та стра­те­ги­ски ин­те­ре­си на Ки­на, тре­ба да ја зе­мат пред­вид и по­вр­за­но­ста на Си­ри­ја со ста­бил­но­ста во ки­не­ски­от ре­ги­он Ксин­џи­анг, сме­стен во за­пад­ни­от дел на Ки­на и на­се­лен со мно­зин­ско мус­ли­ман­ско на­се­ле­ние

На­ме­ра­та на аме­ри­кан­ски­от пре­тсе­да­тел Ба­рак Оба­ма да се уни­шти хе­ми­ско­то оруж­је на Си­ри­ја со воз­душ­на во­е­на ин­тер­вен­ци­ја, со ко­ја ре­чи­си си­гур­но ќе бе­ше ос­ла­бе­на по­зи­ци­ја­та на ре­жи­мот на Ба­шар ал Асад и ќе им се по­мог­не­ше на опо­зи­ци­ја­та и на ис­ла­ми­сти­те да ја пре­зе­мат вла­ста во зем­ја­та, ка­ко ни­ко­гаш до­се­га на­и­де на си­лен от­пор од го­ле­ми­те си­ли Ру­си­ја и Ки­на. Нив­но­то ве­то во Со­ве­тот за без­бед­ност на ОН сто­пи­ра­ше три ре­зо­лу­ции со кои тре­ба­ше да се доз­во­ли ин­тер­вен­ци­ја во зем­ја­та во ко­ја во пос­лед­ни­те две и пол го­ди­ни беа на­пра­ве­ни мно­гу зло­сторс­тва од две­те за­во­ју­ва­ни стра­ни, за­ги­наа по­ве­ќе од 100.000 лу­ѓе, а не­кол­ку ми­ли­о­ни ги на­пу­шти­ја до­мо­ви­те. Мос­ква и Пе­кинг, по­крај сил­на­та по­ли­тич­ка под­др­шка што ја да­ва­ат на Да­маск во Обе­ди­не­ти­те на­ции, зна­чи­тел­но го по­ма­га­ат оп­сто­ју­ва­ње­то на власт на си­ри­ски­от пре­тсе­да­тел со во­е­на и еко­ном­ска по­мош.

При­чи­ни­те за под­др­шка­та од Ру­си­ја и од Иран до­се­га се ана­ли­зи­ра­ни на дол­го и на ши­ро­ко, но мно­гу мал­ку се знае за ин­те­ре­си­те и за мо­ти­ви­те по­ра­ди кои Ки­на за­ста­на та­ка цвр­сто во од­бра­на на Ба­шар ал Асад.

Оние што са­ка­ат да ја раз­бе­рат ки­не­ска­та стра­на во си­ри­ска­та кри­за, по­крај ни­за­та стра­те­шки ин­те­ре­си на Ки­на, тре­ба да ја зе­мат пред­вид и по­вр­за­но­ста на Си­ри­ја со ста­бил­но­ста во ки­не­ски­от ре­ги­он Ксин­џи­анг, кој е сме­стен во за­пад­ни­от дел на Ки­на и на­се­лен со мно­зин­ско мус­ли­ман­ско на­се­ле­ние.

Chinese jihadist2

Џихадист од Кина

ВОЈ­НА­ТА ВО СИ­РИ­ЈА ГО РАЗ­ГО­РИ СЕ­ПА­РА­ТИЗ­МОТ ВО КИ­НА

Уште на са­ми­от по­че­ток на гра­ѓан­ска­та вој­на во 2011 го­ди­на, Си­ри­ја ста­на збор­но ме­сто на ис­ла­ми­стич­ки­те „све­ти вој­ни­ци“ кои до­а­ѓаа од си­те стра­ни на све­тот. От­то­гаш Ки­на се нај­де сре­де се­ри­оз­на без­бед­нос­на за­ка­на за­тоа што се­па­ра­ти­стич­ка­та ка­у­за на Уј­гу­ри­те (до­ми­нант­но мус­ли­ман­ско на­се­ле­ние во ре­ги­о­нот Ксин­џи­анг) се про­ши­ри и над­вор од неј­зи­ни­те гра­ни­ци.

Со пр­ви­те бор­бе­ни дејс­тва во Си­ри­ја, ло­кал­ни­те се­па­ра­ти­стич­ки дви­же­ња на Уј­гу­ри­те зна­чи­тел­но ги зго­ле­ми­ја кон­та­кти­те со гло­бал­ни­те те­ро­ри­стич­ки мре­жи. Пр­ви­от знак де­ка нив­на­та би­тка со ки­не­ски­те вла­сти до­би­ва друг тек бе­ше мо­мен­тот ко­га поч­наа да го ко­ри­стат са­ла­фи­стич­ко­то зна­ме (цр­но зна­ме со арап­ски пис­мо), за­ед­но со зна­ме­то на Исто­чен Тур­ки­стан, кое во­о­би­ча­е­но го упо­тре­бу­ва­ле до то­гаш ка­ко сим­бол на ре­ги­о­нал­на­та не­за­вис­ност од Ки­на. Во исти­от тој пер­и­од Уј­гур­ци­те поч­ну­ва­ат да про­ја­ву­ва­ат ас­пи­ра­ции за прик­лу­чу­ва­ње кон џи­ха­ди­стич­ки­те дви­же­ња на Бли­ски­от Исток по­ра­ди што Ки­на про­ја­ви страв де­ка ќе до­би­јат под­др­шка од Ал Ка­е­да.

Уј­гу­ри­те до­се­га не­ги­ра­ат ка­ква би­ло вр­ска со ис­ла­ми­стич­ки­те ра­ди­кал­ни стру­кту­ри кои во­ју­ва­ат во тој дел од све­тот твр­деј­ќи де­ка ре­вол­тот на на­се­ле­ни­е­то е плод са­мо на ре­стри­ктив­на­та по­ли­ти­ка на зем­ја­та, ко­ја не им доз­во­лу­ва да го ко­ри­стат нив­ни­от мај­чин ја­зик и да ја пра­кти­ку­ва­ат ве­ра­та.

Та­ка, че­сти­те се­ри­оз­ни на­па­ди што се вр­шат од стра­на на при­пад­ни­ци­те на овој на­род врз прет­став­ни­ци­те на вла­ста, но и врз при­пад­ни­ци на по­ма­ло­број­на­та ет­нич­ка за­ед­ни­ца Хан, ана­ли­ти­ча­ри­те ги опи­шу­ва­ат ка­ко им­про­ви­зи­ра­ни акти на ет­нич­ко кр­во­про­ле­ва­ње. За нев­ла­ди­ни­те ор­га­ни­за­ции, пак, нај­го­ле­ма при­чи­на за кр­во­про­ле­ва­ње­то е агре­сив­ни­от од­нос на по­ли­ци­ја­та врз де­мон­стран­ти­те и не­о­до­бре­ни­те ре­ли­ги­оз­ни со­би­ри. Од дру­га стра­на, пак, исти­те тие ин­ци­ден­ти Ки­на ги опи­шу­ва ка­ко акти на те­ро­ри­зам кои ги пре­диз­ви­ку­ва­ат се­па­ра­ти­стич­ки или ре­ли­ги­оз­ни ек­стре­ми­сти.

Кинези се борат во Алепо, Сирија

Кинези се борат во Алепо, Сирија

УЈ­ГУ­РИ­ТЕ ВО СО­ЈУЗ СО АЛ КА­Е­ДА

Ка­ко по­ткре­па на твр­де­ња­та на ки­не­ски­те вла­сти беа ин­фор­ма­ци­и­те об­ја­ве­ни од та­мош­ни­те ме­ди­у­ми за со­ра­бо­тка на Уј­гу­ри­те со Ал Ка­е­да во Си­ри­ја, од­нос­но де­ка џи­ха­ди­сти од Ксин­џи­анг се бо­рат на стра­на­та на ис­ла­ми­стич­ки­те те­ро­ри­стич­ки гру­пи про­тив ре­жи­мот на Асад. Пре­ду­пре­ду­ва­ња­та беа де­ка вр­ска­та ме­ѓу „све­ти­те вој­ни­ци“ од овој ки­не­ски ре­ги­он со оста­на­ти­те ек­стре­ми­сти во Си­ри­ја се­ри­оз­но ќе се одра­зи врз на­ци­о­нал­на­та без­бед­ност на Ки­на. Стра­ву­ва­ња­та на вла­сти­те во Ки­на се де­ка овие ис­ла­ми­стич­ки бор­ци по за­вр­шу­ва­ње­то на гра­ѓан­ска­та вој­на во Си­ри­ја ќе се вра­тат до­ма и ќе фор­ми­ра­ат џи­ха­ди­стич­ки дви­же­ња кои ќе се бо­рат про­тив ко­му­ни­стич­ка­та вла­да. Со иско­ри­сту­ва­ње на кон­та­кти­те со ме­ѓу­на­род­ни­те џи­ха­ди­стич­ки гру­пи, пак, те­ро­ри­стич­ки­те ќе­лии на ки­не­ски­те Уј­гу­ри мно­гу лес­но мо­же да соз­да­дат се­ри­оз­на се­па­ра­ти­стич­ка мре­жа ко­ја ќе го ра­ди­ка­ли­зи­ра 20-ми­ли­он­ско­то мус­ли­ман­ско на­се­ле­ние во оваа зем­ја.

Од дру­га стра­на, пак, Пе­кинг сме­та де­ка до­кол­ку Ба­шар ал Асад би­де сим­нат од вла­ста, Си­ри­ја ќе до­бие ли­дер што ќе би­де наз­на­чен од ис­ла­ми­стич­ки­от ре­жим, со што Ки­на би за­гу­би­ла еден зна­ча­ен со­јуз­ник, а во исто вре­ме си­ту­а­ци­ја­та до­пол­ни­тел­но би се искомп­ли­ку­ва­ла за­тоа што ек­стре­миз­мот од оваа зем­ја мно­гу бр­зо ќе се пре­лее низ гра­ни­ци­те на оваа зем­ја во дру­ги­те мус­ли­ман­ски др­жа­ви во цен­трал­на Ази­ја. Та­ква­та си­ту­а­ци­ја се­ри­оз­но би го де­ста­би­ли­зи­ра­ла со­седс­тво­то на Ки­на, а со ог­лед на тоа де­ка ки­не­ска­та про­вин­ци­ја ве­ќе се со­о­чу­ва со џи­ха­ди­стич­ки на­па­ди ор­га­ни­зи­ра­ни од па­ки­стан­ска те­ри­то­ри­ја, но­ви­те фрон­то­ви во со­седс­тво­то мно­гу лес­но би мо­же­ло да се пре­не­сат и во лес­но­за­па­ли­ви­от Ксин­џи­анг.

ЗОШ­ТО КСИН­ЏИ­АНГ Е МНО­ГУ ЗНА­ЧА­ЕН ЗА КИ­НА?

Овој ре­ги­он, во кој 56 про­цен­ти од на­се­ле­ни­е­то се мус­ли­ма­ни, е мно­гу ва­жен за Ки­на за­тоа што, ка­ко пр­во, оп­фа­ќа ед­на ше­сти­на од те­ри­то­ри­ја­та на зем­ја­та (три­па­ти кол­ку те­ри­то­ри­ја­та на Фран­ци­ја) и во­ед­но се гра­ни­чи со осум др­жа­ви. Ксин­џи­анг, исто та­ка, рас­по­ла­га со стра­те­ги­ски ми­не­рал­ни су­ро­ви­ни и прет­ста­ву­ва клу­чен ге­о­граф­ски мост за транс­порт­ни­те ко­ри­до­ри и га­со­во­ди пре­ку кои Ки­на се снаб­ду­ва со енер­ген­ти од цен­трал­на Ази­ја, Кас­пи­ско Мо­ре, но и од Иран, Ирак и од Авга­ни­стан.

Мно­гу зна­ча­ен е и фа­ктот де­ка во овој ре­ги­он е сме­стен и нај­го­ле­ми­от дел од ки­не­ски­от нук­ле­а­рен ар­се­нал, ка­ко и под­зем­ни­те нук­ле­ар­ни ту­не­ли ло­ци­ра­ни во бли­зи­на на глав­ни­от град на ре­ги­о­нот Урум­ки, ме­сто ка­де што во не­ре­ди­те во 2009 го­ди­на беа уби­е­ни 200 лу­ѓе, а ра­не­ти по­ве­ќе од 2.000. По­сто­ја­ни­те се­ри­оз­ни су­ди­ри оваа ки­не­ска те­ри­то­ри­ја ја пра­ват ран­ли­ва, пред сѐ по­ра­ди опас­но­ста од евен­ту­ал­но зап­ле­ну­ва­ње на нук­ле­ар­ни­от ар­се­нал од стра­на на уј­гур­ски­те ми­ли­тант­ни гру­пи.

По­ра­ди си­те овие фа­кти, оние што гле­да­ат не­при­страс­но на по­ста­ве­но­ста на го­ле­ми­те си­ли во од­нос на си­ту­а­ци­ја­та во Си­ри­ја, има­ат по­го­ле­мо раз­би­ра­ње за по­зи­ци­и­те на Ки­на откол­ку за ин­те­ре­си­те на САД и дек­ла­ри­ра­на­та за­лож­ба во бор­ба­та про­тив те­ро­риз­мот. Ток­му за­тоа кол­ку што мо­же За­па­дот да ја сме­та ка­ко ви­сти­ни­та из­ја­ва­та на по­ра­неш­на­та др­жав­на се­кре­тар­ка на САД, Хи­ла­ри Клин­тон, де­ка Ки­на за­ста­на на по­греш­на­та стра­на од исто­ри­ја­та, во исто тол­ка­ва ме­ра Ки­не­зи­те има­ат пра­во да сме­та­ат де­ка За­па­дот се на­о­ѓа на по­греш­на­та стра­на од ки­не­ска­та исто­ри­ја.

(Текстот е објавен во 64. број на неделникот Република)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top