| четврток, 6 декември 2018 |

Поради застој на српската страна, голема колона камиони на „Табановце“

kamioni

Поради проблеми на српската страна од граничниот премин „Табановце“, има долга колона од тешки товарни возила и нивното поминување на границата се одвива многу бавно.

Автомотосојузот на Македонија соопшти дека нема застој во сообраќајот за патничките возила.

Сообраќајот на сите патишта во земјава се одвива по претежно суви и чисти коловози. Поради ниската температура, можни се подмрзнувања на осојничавите места. Поради појава на магла, забележана е намалена видливост во Кичево до 60 метри и во Градско до 30 метри.

АМСМ препорачува внимателно возење, приспособена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците, кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Кочани-Делчево и Берово-Виница, каде што е можна почеста појава на одрони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top