Покрај тоа што деновиве е актуелна со новата песна “Џејмс Бонд”, за која, како што вели, веќе е вистински хит, Анета Наковска го привлече вниманието на јавноста и со фотографијата на која носи венчаница. Иако се шпекулираше дека фолкерката наскоро ќе се мажи со долгогодишното момче, бизнисменот Александар, наводно, на романсата и дошол крајот, пишува Вечер.
“Фотографијата која ја постирав на Фејсбук е малку постара, а јас сум во венчаница од колекцијата на една наша позната дизајнерка. Така што место за паника нема, а нема ниту да снимам спот во бел фустан. Ми се допадна фотката и ја објавив, а доколку се мажам први ќе бидете известени”, вели Наковска, која по ниту една цена не сакаше да зборува за момчето кое до скоро не го вадеше од уста, и да одговори на прашањето дали навистина на врската и дошол крајот.
“Одлучив за приватниот живот да не зборувам, брак скоро нема да има, а дали сум се уште со Александар ни тоа не сакам да го одговорам. Одлучив за приватноста да не зборувам повеќе”, изјави фолкерката, која, ако може да и се верува на чаршијата, раскинала заради учеството во Големиот брат.
По шоуто гулапчињата некое време се обидувале да ја спасат врската, но Аце не можел да се помири со фактот што силиконските гради на неговата сакана ги виде целиот Балкан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.