Од први декември се зголеми малопродажната цена на цигарите на дел од продажниот асортиман на “Империал Тобако ТКС” АД-Скопје за 5 денари. Поскапувањето се однесува на шест брендови на цигари “57” и “класик”. Намалување од 10 денари има кај цигарите „паркер амп симпсон блу” и „паркер амп симпсон силвер”.
Поскапувањата доаѓаат како резултат на измените во Законот за акцизи кои стапија на сила од 13 јули годинава. Според новите законски измени, акцизата на цигарите треба постепено да се зголемува следните 10 години. Во првите три години поскапувањето ќе изнесува за 0,15 денари по парче цигара годишно, додека од 2016 до 2023 година цигарите ќе поскапуваат секоја година по 0,20 денари за парче. Во наведениот период акцизата на тутунот за пушење, како фино сецкан тутун, годишно ќе се зголемува по 50 денари за килограм.
Зголемувањето на акцизите е со цел усогласување со европските директиви.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.