| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски на средба со македoнската дијаспора во Париз

Премиерот Никола Груевски вечерва во Париз во рамки на работната посета на Франција имаше средба со претставници на македонската дијаспора.

– Веднаш по пристигнувањето од Лондон дојдов на оваа организирана средба во Амбасадата, со претставници на македонската дијаспора да воспоставиме комуникација, да оствариме контакти, да слушнеме што тие велат, како гледаат на Македонија и како тие можат да и помогнат на Македонија, изјави премиерот Груевски.

Изразувајќи задоволство од средбата, јави известувачот на МИА, рече дека во секој случај добро е што се прават вакви контакти и што можеби во иднина од тоа ќе произлезе нешто што ќе биде корисно и за нив и за Македонија.

Премиерот Груевски заедно со владината делегација утревечер пред бизнисмени во Париз ќе ги претстават можностите за инвестирање во Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top