| четврток, 6 декември 2018 |

Земји со најбрз развој

Статистичките податоци покажуваат дека меѓу првите 20 земји од светот што најбрзо се развиваат нема европски држави

19993085625111529140e0a268575779_640x427
„Бизнис Инсајдер“ состави листа на земји кои најбрзо се развиваат. Главни критериуми се прогнозите за економски раст за периодот 2013-2015.

На листата неочекувано се најдоа следниве земји:

Монголија

На прво место на листата. Извоз на стоки во Кина и прилив на странски инвестиции, се главен извор на економскиот раст во Монголија.

Предвидувањате се 13, 60 % раст за наредните три години.

Ирак

Извозот на нафта се враќа на нивото како пред војната, утврдени се принципите на слободниот пазар, се развива инфраструктурата. Се очекува странски инвестиции да се зголемат откако се повлекоа американските сили.

Прогнозата за растот за наредните три години е 12,23%.

Источен Тимор

Главниот извор на раст се нафтата и природниот гас. Нова држава е уназадена од војната за независност од Индонезија.

Предвидувањата за растот за наредните три години се 10,63%.

Сиера Леоне

Растот на БДП минатата година изнесуваше неверојатни 25 проценти, но поради уништувањето на земјата од војната, овој раст беше речиси скок од нулта точка.

Предвидувања за растот за наредните три години- 9,54%.

Мозамбик

Половина од буџетот е полн со меѓународна помош, и поголемиот дел од населението живее под линијата на сиромаштија. БДП- то многу зависи од цената на алуминиумот. Во моментов таа е висока.

Предвидувања за наредните три години велат раст од 8,73%.

Гана 8,15%.

Лаос 8,08%.

Ангола 8,08%.

Етиопија 7,96%.

ДР Конго 7,92

Руанда 7,88

Гамбија 7,85

Узбекистан 7,62

Шри Ланка 7,54

Панама 7,50

Замбија 7,46

Танзанија 7,43

Уганда

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top