Џорџија Меј Џегер, ќерката на познатиот пејач и член на групата „Ролинг стоунс“, Мик Џегер, објави фотографии на кои носи костим на провокативен робот.
– На работа сум прав робот – напиша Џорџија под фотографиите, а нејзиниот провокативен костим никого не остави рамнодушен.
Нејзиниот костим го претставуваше роботот С-3РО од филмот „Војна на ѕвездите“, само што Џорџија откри многу повеќе од оригиналниот робот.
Сѐ уште не е познато зошто Џорџија го носела овој костим, но се претпоставува дека станува збор за некакво снимање за некој магазин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


