| четврток, 6 декември 2018 |

Кривични пријави за битолски полицаец осомничен за лихварство

Битолскиот полицаец Р.М. (39) добил две кривични пријави поради основано сомнение дека сторил  кривично дело “злоупотреба на службена положба и овластување” и  “лихварство”.

Во периодот од 2007 до 2013 година, полицаецот злоупотребувајќи ја својата положба и овластување како вработен во СВР Битола како полициски службеник во повеќе наврати одземал моторни возила за кои постоеле индиции дека се извршени промени на бројот на шасија, а по документирање на случаите не поднесувал кривични пријави сè до настапување на застареност на делото.

Дополнително, тој искористувајќи ја тешката имотна состојба на лице од Битола во 2009 година, на заем му дал 2.000 евра за кои на нотар потпишале договор за заем. Во 2010 година го активирале барањето за извршување на правосилна извршна исправа при што оштетениот требало да исплати 4.000 евра. Во септември 2012 година пријавениот го повикал оштетениот за да продадат тракторот кој го имал земено како залог во 2010 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top