Откако нашата претставничка Барбара Поповиќ заврши последна на детската „Евровизија“ во Киев годинава, Македонската радио-телевизија размислува да се повлече од натамошното учество.
На детскиот музички натпревар, кој е под покровителство на Европската радиодуфузна унија, учествуваме од неговото основање во 2003 година. Во последните неколку години нашите претставници се пласираа на дното од табелата.
– Интерниот избор можеби и не е подобро решение, но оваа година се вклучивме малку подоцна во целата игранка, така што немавме подобро решение од ова. Барбара е музикално дете и секако дека можеше да отпее подобро, но тремата си го направи своето. Не се сите деца имуни на јавен настап – вели Љупчо Мирковски, уметничкиот директор на детскиот Евросонг за „Дневник“.
Тој смета дека не е ништо чудно што покрај седум земји од поранешниот Советски сојуз Македонија не доби доволно гласови за да освои повисоко место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.