| четврток, 6 декември 2018 |

Долари, денари, евра и франци украдени од куќата на Зоран Ванев

Синоќа во населбата Леваци во Штип е ограбена куќата на пејачот Зоран Ванев, од каде што се одземени разни девизи, евра, долари и франци, како и 100.000 денари.

Крадецот влегол во куќата на Ванев и по пребарувањето од спалната соба одзел 100.000 денари.

Потоа тој нашол и метален сеф, кој го отворил со погоден алат и од него украл голема вредност на девизи, која сè уште се утврдува.

Полицијата трага по крадецот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top