Сплитските поддржувачи на ХСП јавно побараа од Северина да го откаже веќе распродадениот концерт. Марио Поповиќ, сплитскиот претседател на партијата, која предложи во хрватскиот Устав бракот да биде дефиниран како заедница меѓу маж и жена, изјави дека пејачката ги навредила сите што на референдумот гласале „за“.
Имено, Северина неколкупати јавно ја поддржа хомосексуалната заедница и постојано лобираше граѓаните да гласаат „против“ ваквото дефинирање на бракот.
Поповиќ смета дека таа со тоа ги навредила сите 50.000 фамилијарни луѓе од Сплит, кои на референдумот гласале „за“.
Хрватска со околу 65 проценти од гласовите со референдум одлучи дека бракот е заедница меѓу маж и жена.
Северина, пак, е првата која до последно место ја распродала сплитската „Арена“, и тоа во рекорно време. Нејзиниот концерт е закажан за 6 декември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.