Оскаровецот Џорџ Клуни во интервју за магазинот „В“ кажа дека сѐ уште не ја пронашол љубовта на неговиот живот.
– Кога бев мал, лудо бев vљубен во Одри Хепбурн. Го гледав „Одмор во Рим“ на 11 години и тогаш сметав дека таа е најелегантната жена која сум ја видел некогаш – призна глумецот.
– Исто така, ја сакав и Грејс Кели. Кога ја видов сцената во која таа излегува од вода во филмот „Како да фатите крадец“, се вљубив во неа. Меѓутоа, кога станува збор за вистинската љубов на мојот живот, сѐ уште не сум ја пронашол – додаде Клуни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.