| четврток, 6 декември 2018 |

Исламистички бунтовници заробиле монахињи во православен манастир во сирискиот град Малула

malula sirija

Исламистичките борци во Сирија го зазеле стариот дел од христијанскиот град Малула и при тоа заробиле неколку монахињи во тамошниот грчки православен манастир, соопшти организацијата сириска опсерваторија за човекови права. Според нивните информации, овој дел од градот бил заземен од членовите на организацијата Фронт ал Нусра, која има блиска соработка со Ал Каеда.

Малула е оддалечен околу пет километри од главниот автопат меѓу Дамаск и Хомс, а судирите во овој регион се дел од пошироките борби меѓу бунтовниците и приврзаниците на Башар ал Асад за контрола на стратешки важниот автопат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top