Вашиот лидер Зоран Заев требаше да го топли мојот кревет во Идризово, ама Бранко го амнестира. Оваа власт нема никого да амнестира, со овие збориви претеникот Амди Бајрам вчера им се обрати на пратениците од опозицијата за време на 77-та седница.
Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи седницата на која пратениците ќе гласаат по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка, за кој расправата ја завршија синоќа.
На дневен ред на седницата се предлог-законите за изменување на законите за придонеси од задолжително социјално осигурување, за платниот промет, за исплата на платите, за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија, за радиодифузната дејност, и извршување на санкциите, сите по скратена постапка.
Пратениците ќе расправаат и за предлог-законите за изменување и дополнување на Царинскиот закон, на законите за вршење услуги брз трансфер на пари, за хартии од вредност, за инвестициски фондови, за преземање акционерски друштва, за супервизија на осигурување, за вршење сметководствени работ, за јавна внатрешна финансиска контрола, за ревизија, за државната ревизија, за даночна постапка, во прво читање.
Првата фаза пред пратениците на 77. седница треба да ја поминат и предлог – законите за финансиска дисциплина и за консолидација на земјоделско земјиште, како и предлог – законите за изменување и дополнување на законите за девизно работење, за безбедност на храна, за семенски и саден материјал за земјоделски растенија, за ловството, за животната средина, во прво читање.
Предлог законот за основање факултет за информатички и комуникациски технологии во состав на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ – Битола, како и предложените законски измени и дополнувања на законите за здравствено осигурување, за работните односи, за внатрешни работи, за угостителска дејност, за трговските друштва, за дополнување на Законот за основање на Агенција за промоција и поддршка на туризмот во Република Македонија во прво читање, се исто така дел од дневниот ред.
На дневен ред се и за предлог – законите за изменување и дополнување на законите за спортот, за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка, на Кривичниот законик, на законите за извршување, за јавните патишта, за превоз во патниот сообраќај, за државниот инспекторат за локална самоуправа, за рамномерен регионален развој, за културата итн.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.