Министерот за надворешни работни Никола Попоски денеска во Брисел ќе се сретне со еврокомесарот за проширување Штефан Филе. На средбата е предвидено да се отворат актуелните прашања околу расположението на земјите членки на Европската Унија во однос на прашањето за Македонија, неколку дена пред декемврискиот самит. Се очекува да се разговара за претпристапната програма и идните планови за македонскиот евроинтеграциски пат.
Оваа средба се случува во исто време кога македонските преговори не се на агендата на амбасадорите на ЕУ. Работната група на КОРЕПЕР 2, оваа и следната недела го исцртува списокот на точки по кои ќе треба да расправаат министрите и лидерите на ЕУ. а меѓу нив нема да биде прашањето за Македонија. Повторно, Унијата го задскрива однесувањето на Грција, со што сака да си го зачува кредибилитетот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.