| четврток, 6 декември 2018 |

Создаден робот со вметнати органи и синтетичка крв

Тим научници го создадоа првиот бионички робот со вештачки органи, колкови и синтетичка крв. Го крстија Рекс и денеска е изложен во Научниот музеј во Лондон. Во телото на ова запрепастувачко суштрство има најнапредни достигнувања на технологијата, односно вештачки панкреас, бубрези, слезина и душник, а има и функционален респираторен систем и крвоток.

Интересно е што научниците предвидуваат дека со бионички органи луѓето можат да си го продолжат животот, а доколку мозокот го замениме со микро чипови, животот ќе стане вечен.  Но се поставуваат две прашања – ќе сакаат ли луѓето во блиска иднина здравите органи да ги менуваат со бионички затоа што се подобри и сакаме ли ние да останеме луѓе или сакаме да се претвориме во роботи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top