
Канаѓанката Елен Ричардсон планирала да замине во Њујорк, а од таму на на десетдневно патување низ САД. Но овие нејзини планови ги расипале американските власти кои поради нејзината ментална болест и забраниле влез во САД.
Таа изјавила дека е шокирана бидејќи долго време го очекувала ова патување.
Американските власти се повикале на законот за имиграција, со кој им се овозможува да не му дозволат влез во земјата на лице со ментални или физички нарушувања, за кое сметаат дека би можело да претставува закана за себе и за околината. Сега Елен по судски пат ќе проба да си ги поврати 6.000 долари колку што ја чинел одморот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


