Македонскиот голгетер Горан Пандев вечерва со гол ги заокружи 300-те настапи во италијанската лига. Со голот на „Олимпико“ македонскиот интернационалец во 50. минута му донесе предност на Наполи од 2:1 на гостувањето кај неговиот поранешен клуб Лацио.
Дел од Италијанските медиуми ја објавија оваа фотографија со наслови: Старата нетрпеливост- Македонецот ги поздрави своите поранешни фанови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


