Кејт Мос е на насловната страна на декемвриското издание на најпопуларното списание за мажи Playboy. Со зајачки уши, топлес и маска, познатата манекенка позира за 60-годишнината на ова списание.
Супермоделот го покажа целиот нејзин раскош, нејзината сеуште витка фигура.
Ако се суди според 18 страници во новото издание, Кејт изгледа подобро од било кога.
„Се работи за глобален бренд. Потребна ви е глобална икона за тоа да го прославите. А, овде зборуваме за заштитното лице на Барбери, најголемиот супер модел на светот на насловната на Playboy. Таа е совршена комбинација за нас за да ни помогне во одбележувањето на 60 години работа“, појаснил уредникот Џими Јелинек за Daily Mail.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


