| четврток, 6 декември 2018 |

Романски полицајци ќе ги расчистуваат „романските проблеми“ во Париз

132406206_romanian-_431836cДваесет романски полицајци беа испратени во Париз за да им помогнат на француските колеги во случаи во кои се вмешани Романци. Романските полицајци ќе бидат во француската престолнина до 31 јануари идната година.
Полицајците, кои претходно беа на такви оперативни мисии во Франција, велат дека граѓани од Романија главно вршат кражби, измами и просење.
Тие гледале како романски питачи се тепале меѓу себе за место пред луксузни продавници, а имало и такви кои краделе по масите надвор во кафеаните.
Оваа година романски полицајци беа на вакви мисии во Велика Британија, Италија, Белгија, Швајцарија, Финска, Австрија и Бугарија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top