| четврток, 6 декември 2018 |

Македонските доктори догодина во Лондонската кралска болница

DSC_0506Премиерот Никола Груевски  ја посети Лондонската кралска болница каде што договори соработка за обука на медицински персонал од Македонија.
– Уште следната недела Министерството за здравство треба да испрати детали за сите обуки кои се потребни во текот на наредната година, по што нашиот амбасадор во Лондон ќе ги договори деталите во смисла на распоред кој кога може да дојде и на крај се ќе зарши со потпишување меморандум за соработка на база на кој следната година ќе испратиме поголем број лекари, медицински сестри и друг вид персонал во најголемиот ланец на болници во Лондон- изјави премиерот Груевски по посетата на болницата.
Обуката, како што појасни, ќе опфати и друг медицински персонал, вклучувајќи и менаџери на болници, фармацевти и се она што е поврзано со болниците и клиниките во Македонија.

Али Џахад, директор за меѓународна соработка на Кралската болница во Лондон, истакна дека има многу можности за соработка со Македонија.
– Можеме да соработуваме во обука на лекари, медицински техничари и друг медицински персонал, кои потоа ќе го пренесуваат стекнатото знаење на своите колеги во Македонија. Можеме да разменуваме и искуства за управувањето со болниците- изјави Џахад.

DSC_0479Кралската болница во Лондон е една од најголемите медицински центи во Велика Британија и во Европа. Покрива многу области во медицината, а во неа се извршуваат и најсложени операции  Има високо софистицирана опрема и високо стручен персонал. Болницата дневно им дава услуги на околу 10 илјади пациенти,  има 380 лекари специјалисти, 650 други лекари и 7.500 медицински техничари. И покрај можностите и искуството на Кралската болница, Џахад вели дека и британските лекари имаат интрес за соработка со нивните колеги од Македонија, бидејќи, како што вели, тоа е двонасочен процес и секогаш може да се научи нешто еден од друг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top