Колку повеќе пластичен отпад соберат, толку повеќе сапун ќе добијат учениците од основните училишта во општина Карпош.
Претставници на компанијата за управување со отпад од пакување „Пакомак“ и вработените во основните училишта од општината, во училиштето„Јан Амос Коменски“ одржаа работна средба за реализација на проектот за собирање пластичен отпад од учениците.
Главната награда за учениците кои ќе соберат најмногу пластичен отпад е еднодневна пролетна екскурзија. За училиштата пак, компанијата „Пакомак“ додели спортски реквизити.
Според најавите, Пакомак ќе обезбеди течен сапун за овие училишта, но од идниот месец сапун ќе добиваат во зависност од остварените резултати, колку повеќе собран пластичен отпад – толку поголема количина.
Како што соопштија од општина Карпош, целта на проектот е да се создадат здрави еколошки навики и да се ја зголеми свеста, кај учениците и нивните родители за одржување на животната средина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.