Косовските пратеници годишно заработуваат до 34 илјади евра од плата, дневници за учество во комисии и пленарни седници, трошоци за патување. Според документот до кој дошол весникот „Зери“, просечно месечно пратениците „заработуваат“ по 2.800 евра.
Весникот направил и топ- листа на пратениците. На списокот прв е Енис Керван со 33.870 евра, по него е Петар Милетиќ со 32.783 евра, па пратеничката Сафете Хадерѓонај со 32.102 евра, Албер Киноли со 32.045 евра, Ардиан Ѓини со 31.788 евра.
Од друга страна од вкупно 508.100 работоспособни граѓани на Косово дури 44,9 проценти се невработени, а ако работата беше единствениот извор на приходи, околу 1,3 милиони граѓани ќе бидат на границата на егзистенција.
Главен извор на приходи за околу 20 проценти од населението или 92.000 граѓани на Косово се паричните приливи од странство, испраќани од нивни блиски роднини-гастербајтери.
За 112.000 лица главни приходи се пензиите, а 84.000 живеат од социјална помош.
Според резултатите од пописот спроведен лани, во Косово има 227.646 невработени, а вработени се 280.454.
Во Албанија работат 723 косовски граѓани, во Србија 842, а во Црна Гора и Македонија 293. Вкупниот број на населението на Косово изнесува 1.739.825 лица, без Србите од северно Косово, кои го бојкотираа пописот
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ситуацијата е алармантна и треба да се реагира: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата поднесоа Информација за енормното загадување на воздухот
-
Мицкоски: Излажаа дека ќе ја зголемат минималната плата секоја година
-
За некого уште е сон: Просечната нето плата за август 24.210 денари
-
Сметката на „Секјуриком“ ќе биде одмрзната за исплата на платите за јули и август


