| четврток, 6 декември 2018 |

ОН има докази за воени злосторства во Сирија

sirija decaВисокиот комесар на ОН за човекови права Нави Пилај изјави дека се зголемуваат доказите дека сириски владини претставници, вклучувајќи го и претседателот Башар Асад, се одговорни за злосторства против човештвото и воени злосторства.
Анкетна комисија на ОН претставила многубројни докази „за кои се одговорни лица на највисоко ниво на владеење, вклучувајќи го шефот на државата, изјави Пилај.
Пилај прецизира дека списоците со осомничени извршители се заклучени во канцеларија и ќе останат таму, се додека не бидат побарани од национални или меѓународни власти.
– Масовноста и сериозноста на извршените злостроства од двете страни во конфликтот во Сирија се речиси незамисливи- изјави високиот комесар на ОН за човекови права.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top