Премиерот Никола Груевски денеска во Лондон оствари средба со претседателот на Европската банка за обнова и развој, Сума Чакрабарти. Соговорниците разговарале за напредокот и инвестициите во земјава.
– Македонија прави одличен напредок во макроекономските показатели, направи многу повеќе од просекот на земјите во југоисточна Европа, се опоравува подобро од земјите во еврозоната. Ние сме многу задоволни поради тоа. Она што, исто така, е значајно, а треба да се нагласи е подобрувањето на инвестициската клима – рече Чакрабарти на средбата со премиерот Груевски.
Тој за следната година прогнозира раст од 3,2 проценти и силна инвестициска година во инфраструктурни проекти.
Од своја страна, премиерот Груевски истакна дека на средбата со својот соговорник главно биле фокусирани на проектите што следат во иднина:
– Најпрво разговаравме за општата економска ситуација во Македонија, за најновите податоци што ги имаме дека растот во првите шест месеци е 3,3 проценти, дека тоа е над сите проекции што претходно беа дадени од сите меѓународни институции и дека тоа е добра ситуација. Зборувавме и за другите економски параметри, дека Македонија е четвртата најниско задолжена земја во Европа, но разговаравме и за другите случувања во економијата и за она што доаѓа – изјави Груевски.
Се разговарало за можноста за нова соработка на полето на изградба и реконструкција на патишта, за патиштата Росоман-Прилеп, каде што е предвидена комплетна реконструкција и проширување и нов пат Охрид-Пештани, која се проценува како доста веројатна опција, како и за можноста за забрзување на финансирањето и изградбата на пругата кон Бугарија, која како проект е веќе договорена.
– ЕБРД е еден од најдобрите партнери на Македонија во изминатите 15-20 години, со многу инвестиции и многу проекти, речиси сите успешно завршени. ЕБРД на некој начин учествуваше сериозно во економскиот развој на Република Македонија – истакна премиерот Никола Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии